Усман Дембеле и натаму бара нова средина, откако е јасно дека во Барселона ќе нема иднина за него, особено по доаѓањето на Нејмар во каталонскиот клуб.

Дембеле не се снајде во Барса, во клуб во кој дојде од Борусија Дортмунд за сума од 110 милиони евра.

Сега тој се поврзува со враќање во Бундеслигата, и тоа во дресот на Баерн Минхен, откако стана јасно дека „Баварците“ се далку од договор со Лерој Сане.

Дембеле замина од Дортмунд пред две сезони, и тоа со сите сили бараше да си замине од Борусија, во миговите кога играше во врвна форма.

Потегот на заминување во Баерн сигурно нема да наиде на добро за навивачите на Борусија Дортмунд, каде што играше Французинот.