Голема е веројатноста македонскиот репрезентативец Енис Барди да остане и идната сезона во Леванте. Тимот од Валенсија нема намера да се откаже од услугите на играчот.

Меѓутоа со оглед дека за него има интерес од неколку клубови, сепак, Леванте би го продал, само доколку за него стигне некоја екстра понуда. Во спротивно, останува дел од „сино-црвените“.

Пред две години Леванте го купи од Ујпешт за 1,5 милиони, а сега цената која ја одреди шпанскиот тим изнесува 10 пати повеќе, односно 15 милиони. Доколку стигне некоја таква понуда, можно е Барди да има нов клуб летово.