Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, одговори на гласините кои велат дека ќе биде нов тренер на екипата на Њукасл. Претходно стана јасно дека Рафаел Бенитез нема да го продолжи договорот со клубот, по што Њукасл тргна да бара ново тренерско решение.

Некои медиуми објавија дека Мурињо ја разгледувал понудата, по што тој самиот излезе во медиумите со изјава за шпекулациите:

„Имам јасно чувство. Играм за да победувам. Не сакам да биде поинаку. Ако не победам, тоа е проблем за мене, за играчите, за клубот и целата структура. Затоа, се нафаќам само на проект каде што имам чувство дека играм за да освојувам трофеи. Ако некој ми понуди одличен десетгодишен договор и поставиме цел седмо или осмо место, тогаш тоа не е за мене. Имам поинаква природа. Мојата цел е да се борам за трофеи“, изјавил Мурињо.