Олимпијакос дефинитивно го има најлудиот трансфер ова лето. Тимот од Атина во своите редови го доведе Рубен Семедо за неверојатни 4.500.000 евра.

На прв поглед ова е бобмба. Португалскиот фудбалер доаѓа од Виљареал, која пред две години го купи од Спортинг за 14.000.000 евра во периодот кога беше стандарден член на репрезентацијата до 21 година.

Има и причини зошто цената на Семедо падна брзо, за две години одигра само пет натпревари во дресот на Виљареал, поголем дел од времето го мина зад решетки.

Во јануари 2018 година беше приведен откако во еден паб во Валенсија со себе носел пиштол и се заканувал. Но, тука не застануваат лошите вести поврзани со овој играч, во нов инцидент со удрил човек со флаша по глава.

Ова е само загревање.

Веќе во февруари 2018 година одново е уапсен, овој пат поради киднапирање и изнуда беше во затвор. Виљареал секако го суспендираше, а тој беше пуштен на слобода откако плати кауција од 30.000 евра.

И покрај сите овие информации Олимпијакос одлучи да го земе во своите редови и за искешира 4.500.000 евра.