Легендата на Челзи, Френк Лампард, успеал да постигне експресен договор со сопственикот на клубот, Роман Абрамович, и следната недела ќе потпише тригодишен договор со „сините“. Веста ја потврдија неколку англиски весници.

Тој вчера доби „зелено светло“ од Дерби каунти да почне преговори со лондончани, но се чини дека не му требало многу време да ја прифати понудата на својот долгогодишен клуб. Според најавите, Лампард во Челзи ќе добива по 5,5 милиони фунти годишно и ќе го замени Маурицио Сари, кој пред неколку дена стана нов тренер на Јувентус.

Лампард е жива легенда на лондончани и беше една од најголемите ѕвезди на тимот со 13 години како играч на “Стемфорд Бриџ”. Минатата сезона имаше деби како менаџер, па со Дерби Каунти за малку не успеа да влезе во Премиер Лигата. Се претпоставува дека Френк со себе во Челзи ќе ги донесе и својот поранешен соиграч во Челзи, Џоди Морис, како и тренерот на голманите Шеј Дауни.