Могамедгаџи Нуров не успеа да го помине четврфиналето на европските Игри во Минск. Во категоријата под 97 килограми, нашиот борач не успеа да го совлада актуелниот светски и европски првак, Абдулрашид Садулаев кој на крајот на поени со 6:0 обезбеди победа за пласман во полуфиналето.

Нуров сега ќе го чека расплетот на полуфиналните дуели за евентуално преку репасаж да се обиде да стигне до бронзениот медал.