До стартот на подготовките кој е закажан за 3 јули, раководството на Пелистер на чело со претседателот Пеце Стојчевски, ги врши сите пропратни работи. Во моментов се преговара со неколку имиња, додека имаше промени и во структурата на клубот. Сепак прво прашање е кој од Зоран Штерјовски и Дарко Крстески ќе биде човекот кој од клупата ќе го води битолскиот второлигаш во наредната сезона во Втората лига – Запад.

Пеце Стојчевски, специјално за СПОРТМЕДИА, истакна…

„Дарко Крстески и официјално ќе остане во Пелистер, тоа можам да го кажам. Додека место Менде Степановски на местото спортски директор на клубот е назначен Пеце Коруновски. Екс голманот всушност ќе има две функции, координатор на младинската школа и спортски директор на Пелистер. Целта е Пелистер да се сврти кон своите млади и талентирани момци, кон своите деца, посебно сега кога во следната сезона нашата младинска екипа ќе игра во Првата младинска лига на Македонија“.