Работнички со новиот шеф на стручен штаб Александар Влахо, подмладен, и со тројца нови играчи, денеска ги стартуваше подготовките за новата сезона. Амбициите се излез во Европа, но најпрво треба да се заборави минатата сезона во која „романтичарите“ буквално во последните секунди испуштија можност да играат во Европа.

Сега со нови амбиции, драстично подмладен, овој тим ќе се обиде да го изборува настапот во Европа. А, знаејќи ја ситуацијата во Вардар, зошто да не чепне и вицешампионска позиција. Барем Работнички секогаш бил „фаворит“, но од сенка.

Еве како изгледаше денешниот прв тренинг на „романтичарите“ низ фотогалерија.