Кога Норчепинг ја освои титулата во Шведска во 2015 година, Давид Митов-Нилсон беше неизоставен дел од голот на овој тим. Беше пред селекцијата на Шведска, но знаеше дека таму нема да најде место, па ја одбра Македонија.

Бранеше само еднаш, против Белорусија, а од тогаш само неколку повици и тоа главно како резервен голман.

Митов-Нилсон не брани ниту во својот клуб Норчепинг, кому е верен од 2008 година. Голманот нема настап од февруари оваа година, кога бранеше во Купот. И натаму ја „грее“ клупата на шведскиот тим.

Претходно една година немаше настап, и неговата кариера вртоглаво паѓа во надолна линија. Не е повеќе ниту во плановите на Игор Ангеловски за репрезентацијата.

Причината за ваквиот пад лежи и во многуте повреди кои му се случија. Најпрво скрши нога, па рака, па потоа го повреди зглобот, и на крај тетивата.