Искусниот американски кошаркар, Дерик Браун, е првото засилување за шампионот на АБА лигата, Црвена Звезда. Станува збор за крилен центар кој е поранешен кошаркар на европскиот вицешампион Анадолу Ефес и кој треба да биде големо засилување за белградските „црвено-бели“ следната сезона.

31-годишниот БРаун има и долг стаж на настапи во НБА и европските тимови. Играше 4 сезони во НБа тимовите на Шарлот и Њујорк Никс, а во Европа дојде во Локомотив Кубан, по што се пресели во Турција.