Соседите и нашите најтрофејни клубови, болката дека ова лето не играат во Европа, ќе ја решаваат со меѓусебен меч. Тоа е вообичаено кога станува збор за Работнички и Вардар. Тие секое лето во минатото одигруваа барем по еден пријателски меч. Па така договорено е на 15 јули во Скопје, стратезите Александар Влахо и Александар Васоски да им дадат шанса на своите момци со цел да се провери формата.

Кога сме кај Работнички, инаку овој тим вчера ги стартуваше подготовките, закажа контрола и со Борец (3 јули), Брегалница (12 јули), Тиквеш (3 август). Во деновите во Банско, екипата од Градски парк исто така ќе одигра неколку пријателски мечеви.