Едно од најпопуларните НБА кошаркарски имиња за минатата сезона, Џими Батлер од Филаделфија имаше несекојдневна можност да се проба на пенали со еден од најдобрите фудбалери на планетава, Нејмар.

Нејмар кој е добар пријател со Батлер сега е во Бразил, каде што се одржува Копа Америка, но на кој Нејмар не настапува поради повредата. И додека Батлер е гостин кај Нејмар, двајцата се пробаа во спортот на Бразилецот. Еве како НБА ѕвездата му покажа на Нејмер како се изведуваат пенали, па дури и на мали голови.