Маноло Салвадор е нов спортски директор на Леванте. Тој во интервју за „АС“ беше прашан и за иднината на Енис Барди, и одговори што мисли за него.

„Тој од година во година е се подобар. За жал минатата сезона имаше повреди, и не можеше да помогне на одреден дел на натпревари. Ако се прашувам јас, би сакал да остане во тимот. Тој е многу важен за нашиот тим“, изјави Салвадор.