На денешниот пријателски натпревар одигран во Бугарија, албанскиот тим Теута беше подобар од Академија Пандев и го совлада со 4:1.

Теута головите ги постигна во 21, 56, 78 минута од пенал и 81-ва минута.

Ова беше претпоследен дуел за Академија Пандев на подготовките. Во сабота екипата ќе ги одмери силите со Витоша Бистрица.