Германија против Шпанија во финалето за фудбалери до 21 година. Ова е исходот по денешните полуфинални пресметки.

Најпрво Германија со Романија со голем пресврт дојде до нов финален меч. Германците имаа негатива на полувреме 1:2, но во вториот дел со три гола го демолираа противникот, и стигнаа до 4:2.

Шпанија, пак, исто така со пресврт, кој беше направен брзо, стигна до нов финален меч. Иако Франција водеше, сепак, Шпанија набрзина поведе со 2:1 до полувремето, а до крајот на мечот уште два гола за убедлив триумф од 4:1.

Ова ќе биде реприза од финалето во Полска во кое учествуваше и Македонија. Тогаш победи Германија, а сега Шпанија ќе има шанса за одмазда.