Ако минатата година никој не го ставаше Вардар ниту во поширокиот круг на фаворити за пласман на Ф4 турнирот во Келн (а не пак да ја освои европската титула), сега на уште на не дефиниран тим за следната сезона и на неколку месеци пред стартот на истата, „црвено-црните“ важат за фаворит дури и за уште една европска титула!

Вакви прогнози доаѓаат од Хрватска, каде се уште не можат да се изначудат на чудото – РК Вардар. Според анализата на еден од најпопуларните хрватски портали, Вардар не само што нема да се распадне, туку следната сезона ќе има состав кој може да оди на одбрана на европскиот трон.

„Македонскиот и европскиот првак не само што нема да се распадне, како што се веруваше, туку во Скопје ќе има повторно респектабилен состав. Иако си заминаа играчи како Карачиќ, Мораеш, Милосављев, во Вардар останаа меѓу другите Чупиќ, Шишкарјев, Дибиров, Стоилов, Скубе, Горбок, Дисингер, а стигнаа и Павел Атман, голманот Артурс, пивотот Горпишин, како и крилото Димитриоски, како и уште еден Бразилец, Толедо. Вардар повторно има моќен тим, дури можени и за напад на уште една титула. Кога тие се во прашање, се е можно“, заклучуваат хрватските колеги.