Дебитантот во Првата лига, екипата на Струга Трим Лум не се шегува. Максимално амбициозно си ја сфати работата во врска со летниот преоден рок. Донесе три проверени имиња од кои очекува и тоа како да го подигне квалитетот на својот тим.

„Досега како што и е познато на јавноста ние ги промовиравме Христијан Кировски, Емран Рамадани и Урош Ѓуриќ. Тоа што го посакувме досега во преодниот рок тоа и го донесовме. Но немаме намера да запреме тука, во моментов во преговори сме со уште неколкумина играчи, нашата намера е најмалку уште со две нови имиња да се засилиме“ вели Бeсарт Исаку, спортскиот директор и првиот оперативец на Струга Трим Лум.