Шкупи активно работи на комплетирање на екипата за наредната сезона. Веќе направи неколку трансфери, а сега има нов напаѓач кој доаѓа од екипата на Челик. Според босанските медиуми Марин Јурина во наредните шест месеци ќе игра за Шкупи како позајмен фудбалер. Овој 25-годишен фудбалер доаѓа на инсистирање на тренерот Умит Каран, кој кратко работеше и на „Билино поље“, а тој ќе биде засилување за европските натпревари и за есенскиот дел од првенството.

Минатата сезона Јурина одигра 23 натпревари (2 гола) за Челик, а претходно настапувал за Хајдук, Зрињски, Задар, Копер, Кршко… Се работи за корпулентен напаѓач кој добро се снаоѓа во нападот и не е лесно да се чува, а може да игра и како класичен напаѓач и како крило.