Наместо во ноември квалификациите за пласман на Европското првенство 2021 година ќе почнат во фервурари следната година, оваа одлука беше донесена на Бордот на директори на Светската кошаркарска федерација (ФИБА).

Ова значи дека нашата најдобра кошаркарска репрезентација која се врати од дното и дојде до последниот чекор во битката за место на континенталното натпреварување на кое последен пат беше дел во 2015 година, првата активност ќе ја има дури во февруари, односно по речиси една година пауза.

Поради обврските на кошаркарите на СП, ќе одиграат три квалификациски прозорци, првите две средби Македонија ќе ги игра во вториот месец од следната година, потоа во ноември 2020 и февруари 2021 година.

Вкупно 32 селекции ќе се борат за место на ЕП, ќе бидат поделени во осум групи, најдобрите три од секоја ќе обезбеди билет.