Премиерниот настап на Европското првенство во септември, ја прави и тоа како интересна машката одбојкарска репрезентација на Македонија периодов, па од таму, одбојката и официјално е Д-спорт за ова лето, односно ќе бидат главни на Д Фестивал во Дојран, кој ќе се одржи од 12 до 14 јули.

Официјалниот старт на подготовките за ЕУРО 2020 се совпаѓа со викендот на Фестивалот, па така одбојкарите прво ќе ги видиме во Дојран, а потоа во недела попладне треба да се појават на првата прозивка на селекторот Никола Матијашевиќ во Маврово.

Најдобрите македонски одбојкари ќе одиграат фестивалски меч на плажа со дел од публиката.