Македонската кошаркарска репрезентација во 3х3, во машка и во женска конкуренција, во Рига викендов ќе земат учество на квалификациските турнири за Европскиот Куп. Денеска нашите кошаркари пристигнаа во Рига и се подготвуваат за старт на натпреварите во категоријата OPEN. Тимовите во двете конкуренции ќе бидат поделени во три групи. Прво рангираниот тим од секоја група ќе се квалификува за втора групна фаза. Првите два рангирани тимови од втората фаза ќе обезбедат пласман на Европскиот Куп кој ќе се одигра во Унгарија, закажан за месец септември.

Македонија ќе биде претставувана од Анџелика Митрашиновиќ, Софија Лазареска, Криси Гивенс и Александра Стојановска (најдобро рангирана македонска кошаркарка во 3х3) во женска конкуренција како и Живко Манасиевски, Петар Бојовски, Блажо Митков и Ервин Цого (најдобро рангиран македонски кошаркар во 3х3)  во машка конкуренција.

Утре во првиот круг и мажите и жените почнуваат со натпревари против соодветните селекции на Швајцарија.