Торинскиот весник „Tuttosport“ тврди дека Јувентус ќе плати почетна сума од 67 милиони евра за Матијс де Лигт и ќе ги искористи новите даночни закони во врска со неговите плати.

Весникот објаснува дека Јуве се наоѓа во процес на финализирање на договорот вреден 67 милиони евра, со 13 милиони евра во вид на бонуси. Дефанзивецот на Ајакс, од своја страна, треба да заработува 7,5 милиони евра по сезона до 2024 година, што ќе се зголеми на 12 милиони евра во зависност од неговите настапи.

Во договорот ќе има и клаузула за предвремено заминување, која ќе чини 150 милиони евра.