Со изменет играчки кадар, сосема очекувано по се она што се случуваше во изминатиот период, Вардар денеска ги стартуваше подготовките под будното око на своите фанови „Комити“, кои уште еднаш ја покажаа својата љубов кон „црвено – црната“ боја. Многу од играчите кои играа лани ги нема, но тука се Гачевски, Брдаровски, Мицевски, Аврамовски и др. Да, Вардар пак за инает на многумина ќе има добар состав.