Последниот полуфиналист на Копа Америка треба да го даде дуелот меѓу Уругвај и Перу, кој уште се игра, (ќе има продолженија), а Уругвајците веќе трипати ја тресеа мрежата, но никако не успеаја да дојдат до предност.

Еден погодок на Кавани (25 минута), како и двата на Суарез (60 и 73 минута) беа од офсајт. Тоа го тврдеше линискиот судија, тоа го потврди и ВАР.

Уругвај едноставно нема среќа…