Леонардо Спинацола е нов фудбалер на екипата на Рома. Тоа е практично првото засилување за „римската волчица“ ова лето.

Спинацола од утрово беше на лекарски прегледи во клиниката „Вила Стјуарт“ каде успешно ги помина и веднаш потоа се фотографираше со шал на својот нов клуб. Левиот бек во Рим доаѓа од екипата на Јувентус каде, практично, беше само на хартија, затоа што од 2012 година постојано беше на позајмици. Последната му беше во Аталанта каде играше од 2016 година.

Рома и Спинацола потпишаа 3-годишен договор. За финансиските детали ќе се знае конкретно на презентацијата на фудбалерот.