Откако Радомир Антиќ не се нафати да биде селектор на Србија, српскиот фудбалски сојуз одлучи да му даде шанса на Љубиша Тумбаковиќ. Тумбаковиќ прифатил да биде селектор и да зема плата од 300.000 евра годишно.

Тумбаковиќ досега беше селектор на Црна Гора, но доби отказ откако одби да ја води селекцијата во дуел со Косово.

Во текот на следните денови се очекува негова официјална промоција. За клупата на Србија беа во конкуренција неколку имиња меѓу кои Антиќ и Пауновиќ.