Новиот прволигаш Струга Трим Лум закажа контрола со Вардар, меч кој ќе се одигра на 8 јули. Така е барем начелно договорено. Местото на одигрување дополнително ќе се договори.

Секако дека ова ќе биде предизвик за момците на стратегот Јетон Беќири кои не кријат дека посакуваат добра сезона во своето деби во Првата лига на Македонија. Ова за нив ќе биде само една од неколкуте пријателски средби ова лето, преку кои екипата од Струга треба да ја достигне потребната форма во пресрет на сезоната 2019/2020 која започнува на 11 август. Инаку да потсетиме дека вардарци денеска стартуваа со подготовките.