Македонската кадетска женска репрезентација одигра два пријателски натпревари со соодветната селекција на Босна и Херцеговина на терените на тренинг центарот на ФС на БиХ во Зеница. Првиот меч го загуби со 3:1, а голот за нашиот тим го постигна Милческа, а на вториот натпревар одиграа 2:2 со головите на Николовска и Мојсоска.

Токму погодокот на Кристина Мојсоска на вториот меч за 2:2 во втората минута од судиското продолжение беше најубавиот на двата меча. Тоа беше слободен удар од околу 40 метри, а Мојсоска шутна и топката ја измани противничката голманка и заврши во мрежата.

ПРВ НАТПРЕВАР

БИХ У17 – МАКЕДОНИЈА У17   3:1

МАКЕДОНИЈА: Верица Колевска, Икмет Лимани, Анида Идризи, Радица Велкова, Ана Милчевска, Ера Стеблева, Сара Евтинџиоска, Оливера Цоклеска, Теодора Николовска, Викторија Недева, Кристина Мојсовска. Играа уште: Бојана Петкова, Александра Јовановска, Ангела Зафировска, Миа Головска. Селектор: Тоше Нацев.

ВТОР НАТПРЕВАР

БИХ У17 – МАКЕДОНИЈА У17   2:2

МАКЕДОНИЈА: Верица Колевска, Икмет Лимани, Анида Идризи, Радица Велкова,Ана Милчевска, Сара Евтинџиоска, Оливера Цоклеска, Теодора Николовска, Викторија Недева, Александра Јовановска, Бојана Петкова. Играа уште: Ера Стеблева, Кристина Мојсовска, Едина Сулејмани, Миа Головска, Елиса Хани, Драгана Трипчевска, Ефимија Цунева, Теодора Бартон, Ангела Зафировска. Селектор: Тоше Нацев.