Ништо од трансферот на Коста Манев во Вележ. Имено одличниот стопер кој минатата сезона беше еден од најдобрите во Вардар, иако имаше постигнат договор со клубот од Мостар, нема да потпише за босанскиот прволигаш.

Детали го делеа од потпис, но како што тврдат медимумите во БиХ, тој во последен момент се предомислил и му се заблагодарил на раководството на мостарскиот клуб.

Причината била семејна, објаснил дека има намера да остане во Скопје и да продолжи да игра за Вардар најмалку уште една сезона. Се разбира дека ова е добра вест за сите во нашиот најтрофеен клуб.