Вардар има забрана за трансфери, но тоа не го спречува да добие засилување во одбраната. Во екипата на „црвено-црните“ се врати младиот стопер Никола Серафимов кој што потекнува од фудбалската школа на тимот, а во минатата сезона мина како позајмен играч на Брегалница.

И покрај тоа што Вардар ги има стоперите Коста Манев и Евгениј Новак, сепак, Никола Серафимов би бил како конкуренција. Станува збор за млад играч кој што играше стандардно, и сега „црвено-црните“ го вратија од позајмицата. Тој ги почна подготовките со „црвено-црните“ и ќе конкурира за настап идната сезона.

На подготовките минатото лето, Серафимов доби шанса да игра во првиот тим, а на еден натпревар ја носеше дури и капитенската лента.