Она што го најави „СПОРТМЕДИА“ уште минатата недела, утринава Македонија ЃП го потврди. Ермедин Адем, искусниот играч за врска и официјално е ново име во редовите на нашиот евро претставник.

„Се вратив дома! Среќен сум што повторно сум во Ѓорче, во добро познатата средина и едвај чекам да го дадам својот максимум и да му помогнам на клубот во исполнување на следните предизвици“ истакна Адем.