Килијан Мбапе во иднина не се гледа во дресот на ПСЖ, информациите велат дека одбил да го продолжи договорот со францускиот првак иако понудата била доста примамлива, челниците на клубот не се штеделе, пишува Марка.

Тој има уште три години од актуелниот договор со „светците“, па јасно е дека следното лето ќе биде на продажба. Ако се земе во предвид и заминувањето на Нејмар, се наметнува прашањето што ли ќе остане од амбициозниот проект.

Претседателот на ПСЖ неколку пати потенцираше дека Мбапе не е на продажба, но доколку играчите сакаат да си одат во тој случај нема да им застанат на патот, не сакаат во својот состав да имаат несреќа ѕвезда која ја плаќаат 180 милиони евра. Реал Мадрид е главен кандидат за францускиот фудбалер, па Флорентино Перез веќе подготвува понуда.