Наполи и официјално го купи грчкиот дефанзивец Костас Манолас. Сумата на трансферот е 34 милиони евра, плус 2 милиони евра за ефективно активирање на клаузула за заминување.

28-годишниот грчки интернационалец вечерва ги потпишал документите, а следната недела доаѓа на прегледи. Договорот е потврден од сите страни.

И Рома го потврди трансферот со потврда на 36-те милиони евра како сума која ќе ја добијат од Наполи за него. Манолас, пак, има личен договор за плата од 3,5 милиони евра по сезона (плус бонуси), кој ќе биде на период од 5 години.