Стјуардите го признаа инцидентот меѓу холандскиот воазч од тимот на Ред Бул, Макс Верстапен и Чарлс Леклер од Ферари во последниот круг на трката за ГН на Австрија, но  решија да не го казнуваат Верстапен со што тој би ја загубил победата. Со тоа, Верстапен и официјално е потврден како победник на Австриското ГП.

„Стјуардите ги проучуваа видео-снимките и решија дека пилотот на болидот со број 33 се обиде да го стигне болидот со број 16 во 69-тиот круг, но за време на нападот, болидот со број 33 беше рамо до рамо со болидот со број 16 и целосно го контролираше болидот, обидувајќи се да стигне во внатрешниот радиус. И двата болида се обидоа да прогресираат, но очигледно е дека немаа доволно простор. Набргу, на излезот за вртење, се случи контакт меѓу двете машини. Со оглед на сите услови, ние не веруваме дека некој од возачите е целосно или делумно одговорен за инцидентот. Ова го сметаме за дел од трката”, се вели во одлуката на стјуардите.