Борусија Дортмунд претстави уште едно име во своите редови. Десниот бек Матеу Мореј како слободен играч потпиша договор со „милионерите“.

Мореј има настапи за селекциите до 17 и до 18 години на Шпанија, а Дортмунд го искористи незадоволството од играчот од неговиот досегашен клуб, за да го земе во своите редови.

Имено, Мореј додека настапувал за Б тимот на Барселона, заработил повреда, и потоа клубот му нашол замена. Кога му понудиле нова соработка, тој одбил, и веднаш бил суспендиран. Од февруари до сега не играл, и сега како слободен дојде меѓу „милионерите“.