Украинскиот тим Зорја, беше подобар од Шкендија во денешната контрола и победи со 3:0. Головите за украинскиот тим ги постигна Кочергин, Шалфеев и Громов. На полувремето беше 1:0.

Украинците ја имаа играта под целосна контрола, а покрај трите гола, имаа уште некоја шанса да дојдат и до поубедлив триумф. Шкендија, пак, преку Агим Ибраими при 1:0 за противникот, пропушти две можности да дојде до израмнување, и да ги направи работите поинакви.

Покрај шансите, Зорја погоди и статива.

Ова беше втор пораз на Шкендија на подготовките. Претходно загубија од Злин 1:0, а ги добија дуелите со Олимпија и со Жилина со по 1:0.

Со тоа Шкендија ги завршува подготовките во Словенија со скор од два порази и две победи.