Од моментот кога почна преодниот рок во НБА-лигата настана вистинско лудило, тешко е да се фати редот. Еден голем трансфер ја чека својата официјална реализација.

Уште синоќа пред полноќ „пукна бомба“ од Бруклин. Кевин Дурент, Кајри Ирвинг и ДеАндре Џордан ќе го облечат дресот на Нетси. Првата информација беше дека Дурент ќе заработува 164 милиони долари, Ирвинг 141 за четири години, но на крајот и двајцата се откажаа од голема заработувачка за да им се придружи Џордан.
Истовремено во спротивна насока во однос на Дурент замина Данџело Расел, кој за 117 милиони долари потпиша четиригодишен договор со Голден Стејт. Кога сме кај Вориорс останаа и без Андре Игуадала, кој е нов член на Мемфис.
Сепак челниците на клубот успеаја да го задржат Клеј Томпсон, неговата нова верност ќе ги чини 190 милиони долари.

Богдан Богдановиќ постана најскапиот хрватски спортист во историјата, направи трансфер од Индијана во Јута за 73 милиони долари, потпиша четиригодишен договор.
Сакраменто не успеа да го добие Ал Хорфорд, кој наместо во редовите на Кингс и покрај добрата понуда, одлучи Бостон да го замени за Филаделфија каде во следните четири сезони ќе заработи 109 милиони долари. Бостон веќе е познато дека го договори Кемба Вокер.
Џими Батлер од Филаделфија се пресели во Мајами, исто верноста е на четири години, а неговиот договор тежи 142 милиони долари. Во спротивна насока дојде Џош Ричардсон. Сиксерси го задржаа Тобајас Харис (180 милиони долари на пет години), како и Мајк Скот кој исто така ја продолжи соработката.
Никола Вучевиќ останува во Орландо за 100 милиони долари за новиот четиригодишен договор, Шпанецот Рики Рубио се пресели во Феникс, додека Порзингис стана најплатениот европски кошаркар, Далас му понуди нов договор вреден 158 милиони долари.
Патрик Беверли останува во Клиперси, Рендл со Никси се договори на три нови сезони за 63 милиони долари.
Демиен Лилард не е слободен агент, но доби нов четиригодишен договор со вредност од 196 милиони долари.
Сите овие трансфери, како и дел што не ги споменавме имаат вкупна вредност од над три милијарди долари. Сигурно оваа цифра ќе скокне, не чека расплетот со Кавај Ленард.