Во одлична форма се наоѓа Иван Тричковски кој се врати по повредата. Тој во предсезонските натпревари постигнува голови. После двата гола кои ги постигна во дуелот со Лех Познањ, денеска Тричковски постигна два во дуелот со Горник Забрзе, со кои АЕК Ларнака го совлада својот противник со 2:1.

Тричковски головите ги постигна во 26 и во 41 минута од мечот во кој играше и Даниел Мојсов.

До крајот Горник постигна гол само за намалување на резултатот.