Фудбалерот на Атлетико Мадрид, Родри Хернандез, е пред потпис со Манчестер Сити, и со тоа ќе стане најскапото засилување во историјата на клубот.

22-годишниот фудбалер од средниот ред после една сезона, ќе го смени клубот и ќе замине кај Пеп Гвардиола. Шпанецот се решил да ја плати клаузулата која изнесува 70 милиони евра и да го засили својот среден ред.

За Родри се зборува дека е скромен фудбалер, каков што секој тим би посакал. Нема социјални мрежи, нема тетоважи, а не се вози ниту со скапи автомобили.