Ѓоко Зајков нема повеќе договор со Шарлероа, но белгискиот тим го очекува да дојде на подготовки со екипата. Тоа ќе значи дека ќе преговараат за продолжување на соработката, иако Зајков може да си замине како слободен играч.

Зајков не добиваше многу шанса минатата сезона, и сега е на крстопат: дали да продолжи и натаму со тимот, или, пак, да бара средина каде што ќе добива поголема минутажа.

Тој е стандарден член на репрезентацијата на нашата земја, но ретко игра и таму, со оглед дека Ангеловски им дава шанса на Велковски, Муслиу, Ристевски и Бејтулаи.