Откако денеска стана јасно дека Илија Несторовски по три сезони минати во Палермо ќе се пресели во Удине во дресот на италијанскиот прволигаш Удинезе, попладнево стигнуваат и деталите од потпишаниот договор.

Според еден од најавторитетните италијански новинари, Алфредо Педула, Несторовски потпишал 3-годишен договор со Удинезе, кој има опција за продолжување на уште една година доколку двете страни се задоволни од соработката. Финансиски, Несторовски ќе заработува по 1 милион евра по сезона, плус бонуси во зависност од настапите во новата средина.