Роберт Кубица и Вилијамс по четвртипат сезонава имаат најдобро време во пит-стоп од сите Ф1 возачи.

На Големата награда на Австрија, механичарите на Вилијамс менуваа гуми во боксот за експресни 2.02 секунди.

Кубица на последното место ја заврши трката во Шпилберг и имаше многу проблеми во текот на истата, но она во што остана Вилијамс неприкосновен е брзината со која работат механичарите во пит-стоп.

Интересно, во истиот бокс на Џорџ Расел, промената на гумите траеше 3.5 секунди.