Селекторот на српската кошаркарска репрезентација, Александар Ѓорѓевиќ го објави списокот од 18 играчи на кои ќе смета во рамките на подготовките за СП во Кина. На изненадување тој ги прескокна Никола Калиниќ и Немања Недовиќ.

Причината поради која двајцата не се најдоа на списокот на Ѓорѓевиќ се повредите со кои се здобија минатата сезона, но и Калиниќ и Недовиќ открија дека се чувствуваат одлично и дека не се повредени.

Недовиќ се огласи на својот „Твитер“ профил, вели дека преку социјалните мрежи дознал дека не е на списокот на Србија.

„Разочаран сум, но не сум изненаден. Многупати до сега сум се соочувал со неправда, така ќе биде и овој пат. Најмногу му е криво што за списокот дознав преку „Твитер“, но што е тука е. Ќе бидам број еден навивач на Србија“, се огласи Недовиќ.