Само неколку дена откако Памела Андерсон го оптужи фудбалерот Адил Рами дека го изневерува и поради тоа го „откачи“, а против играчот денеска беше покрената дисциплинска постапка од својот клуб Олимпик Марсеј поради непојавувањето на првиот тренинг на екипата.

Рами и Андерсон беа во врска, меѓутоа таа беше прекината. Само неколку дена подоцна од Рами нема ниту трага ниту глас.

Францускиот клуб соопшти дека ќе следува разговор со Рами за овој случај, нормално кога ќе се појави.