Младата 15-годишна американка тенисерка Кори Гауф со самиот пласман на главниот турнир на Вимблдон направи несекојдневно остварување, за денеска да продолжи со сензационалните настапи. Моментно 313. на ВТА листата успеа во два сета да ја „смачка“ искусната Венус Вилијамс, некогашна прва светска тенисерика и да се пласира во 2. коло на турнирот.

Гауф и двата сета ги доби со 6:4 и со тоа најави дека самиот пласман на Вимблдон не и е лимит. Во рамките на 2. коло Гауф за противничка ќе ја има Рибарикова, која денеска исто така приреди изненадување во 1. коло елиминирајќи ја 10. носителка, Сабаленка.