Светскиот рекет број еден Новак Ѓоковиќ со победа над Германецот Филип Колшрајбер за започна одбраната на титулата на Вимблдон.

Србинот во првото коло славеше со 3:0 (6:3, 7:5, 6:3) и дојде до третата победа во серија против Колшрајбер сезонава, во четвртото соочување. Колшрајбер успеја досега да го победи Ноле единствено на Индијан Велс.

Ѓоковиќ го загуби првиот гејм во мечот, на свој сервис, но се врати со брејк, а потоа го стори и истото за водство од 3:1, кое му овозможи рутински да го сведе до крај првиот сет.

Во вториот исто така Колшрајбер дојде до брејк, но одново Ѓоковиќ беше тој кој се избори за пресврт и дојде до водство од 2:0.

Најизменично се движеа ривалите во последниот сет пред Ѓоковиќ да направи брејк за 4:3, а потоа и да се избори за победа.

Во второто коло Ѓоковиќ ќе се соочи со Американецот Денис Кудла, кој со 3:0 (6:4, 6:1, 6:3) го совлада Малек Јазириј од Тунис. Ова ќе биде прво соочување на Србинот со Кудла.