Италијанскиот шампион Јувентус, официјално го доби потписот на Адриен Рабио откако денеска го објави на својата интернет страница.

Меѓутоа нема информации за детали од договорот како што е на колку години, но медиумите тврдат дека е на четири години, со тоа што ќе заработува од 7 до 10 милиони по сезона.

Францускиот фудбалер ќе биде промовиран во вторник. Се очекува во следните денови да потпише и Де Лихт, а претходно Јуве се засили со Ремзи од Арсенал.