Малку чудно, но и несфатливо кога станува збор за CLUBWORLDRANKING листата на најдобрите 1.000 фудбалски клубови во светот. Од Македонија на оваа листа се споменуваат само три клубови, но чудно е тоа што го нема меѓу нив Вардар. Нашиот најтрофеен и клуб и вицешампион во последната сезона. Најдобро пласирана е, очекувано, Шкендија која се најде на 704 место. Потоа доаѓа Работнички кој пак сега е на 891 место, и Шкупи кој по првпат влегува на оваа листа и се наоѓа на 939 место.

Инаку на прво место е Барселона, следува Ривер Плата, па Манчестер Сити, Палмеирас па потоа европскиот шампион Ливерпул.