Тилер Скагс, 27-гоишниот играч на Лос Анџелес Ејнџелс починал во Тексас каде неговата екипа требало да одигра меч.

„Со голема тага известуваме дека Тилер Скагс денеска почина во Тексас. Тилер секогаш ќе биде важен член на семејството Ејнџелс. Напите мисли и молитви се со неговото семејството“, се вели во соопштението на клубот.

Засега не се познати причините за смртта на играчот, полицијата не се сомнева дека станува збор за насилна смрт.

„Во овој момент нема сомнение дека станува збор за насилна смрт“, се вели во известувањето од полицијата која кога пристигнала во хотелот Скагс не давала знаци на живот.