Лидс Јунајтед во многу скоро време (недели или месеци) ќе дојде под капата на катарските сопственици од ПСЖ. Имено, катарската компанија „Катар Спортс Инвестментс“ ги засили разговорите со преставниците на клубот и според француски „Ле Паризиен“, договорот е на повидок.

Претседателот на ПСЖ и на катарскиот инвестициски фонд, Насер Ал-Келаифи, е длабоко вклучен во разговорите меѓу двете страни. Изворот на „Ле Паризиен“ тврди дека Лидс Ј. откако ќе биде откупен ќе стане „филијала“ на ПСЖ. Од него ПСЖ ќе црти таленти за првиот тим на францускиот шампион, но таму исто така ќе се обиде да ги развива и своите млади таленти под водство на врвни стручњаци.